Инцидент во БиХ: 26 притворенци штрајкуваат со глад- сакаат да нарачуваат храна од ресторан на сопствен трошок

34

Откако тројца притвореници во државниот затвор во Војковиќи штрајкуваа со глад, од понеделникот им се придружија уште 23, така што во моментов штрајкуваат со глад вкупно 26 притвореници, дознава Фактор.ба.

Како што наведуваат, прв штрајкувал со глад Милан Матковиќ, кому потоа му се придружиле Игор Репајиќ и Данило Жељко Катаниќ. Матковиќ штрајкува веќе 17-ти ден.

Медицинската амбуланта во притворското одделение Војковиќи, како што дознава Фактор, е целосно полна со притвореници кои штрајкуваат со глад бидејќи се во лоша здравствена состојба. Доколку продолжат со штрајкот, ситуацијата уште повеќе ќе се искомплицира бидејќи нивната здравствена состојба секојдневно се влошува.

Барањата што претходно ги испратија до Управата на затворот, Судот на БиХ и Министерството за правда остануваат непроменети. Меѓу другото, притворениците бараат дозвола за посета во затворена просторија со брачниот другар или сопружникот во траење од три часа, како и можност дневно да им се доставува по еден оброк од ресторан определен од затворот, на сопствен трошок.

Сметаат дека се дискриминирани во однос на осудените лица, особено кога станува збор за правото на сопружници. Посочуваат дека, на пример, лицата кои издржуваат затворска казна од една година имаат право на вакви посети, додека оние кои се во притвор повеќе од две години се уште го немаат ова право.

Тврдат дека со тоа се нарушуваат нивните права на приватен и семеен живот.

Фактор претходно објави дека приведените барања ги испратиле до министерот за правда на БиХ, Давор Буноз, до претседателката на Судот на БиХ, Минка Крехо и до управникот на КПУ Војковиќ, Синиша Перковиќ.

ИЗДВОЕНИ