Нападот се случил во петокот во кампусот на Универзитетот Хосеи во западниот дел на Токио, кога 22-годишен студентка по социологија од Јужна Кореја нападнала колеги за време на предавање, пренесе АП.
Полицијата во Токио соопшти дека осомниченaтa билa веднаш уапсенa, а едно лице е повредено, додека други седум се здобиле со полесни повреди.
Според информациите на јапонските медиуми, мотивите за нападот се уште не се целосно јасни.
За време на испрашувањето, студентката рекла дека ги нападнала колегите затоа што ја задевале и игнорирале, а чеканот го нашла на кампусот.
Во моментот на нападот во училницата имало околу 150 ученици. Истрагата е во тек, јави Танјуг.