Патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41 годишниот А.Д. од Велес, синоќа по полноќ удрило во столб од наплатната станица „Сопот“, на автопатот Скопје – Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 41 годишниот Л.М. од Велес, кој бил сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес.
– По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
Како што информира д-р Билјана Босилкова портпарол на ЈЗУ Општа болница двајцата повредени се здобиле со повреди и се вон животна опасност.
Таа додаде дека по укажаната лекарска помош и по сите направени испитувања повредените се под лекарски надзор во велешката болница.