Над 40 лица се пожалиле на мачнина и иритација на дишните патишта, а 15 лица се хоспитализирани, откако непознати лица испрскале иритирачки гас во супермаркет во Германија.
„Билд“ наведува дека непозната материја била испрскана во супермаркетот Кауфланд во градот Валдхајм во германската покраина Саксонија.
Купувачите во супермаркетот се пожалиле на гадење и иритација на дишните патишта, а гасот наводно бил испрскан во делот за храна.
Поради инцидентот продавницата била затворена, а полицијата започнала истрага.
На местото на настанот, покрај полицијата, биле и пожарникари и спасувачката служба.