Инцидент во парламентот на ЕУ: Активист го нападна Орбан среде говор, извикувајќи – „За колку ја продадовте државата?“

315
Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Активист го нападна денеска Орбан во парламентот на ЕУ во Стразбур.

Активистот, општински советник на унгарската опозициска партија, Мартон Ѓекицки, го прекина Орбан додека тој зборуваше, трчајќи кон масата каде што седеше Орбан и го гаѓаше премиерот со туце банкноти.

„За колку ја продадовте земјата, за колку ја продадовте државата господине премиер?“, извика Ѓекицки додека банкнотите се расфрлаа насекаде. „Се продадовте на Путин, му се продадовте на Кси Џинпинг“.

Инцидентот се случи кога Орбан требаше да се обрати пред Европскиот парламент за време на шестмесечното ротирачко претседавање на Унгарија со ЕУ.