Инцидент во Норвешка: Три лица се избодени со нож во продавница

129

Три лица се избодени со нож денеска во продавница во Осло, објави норвешкиот весник VG.

Две лица се префрлени во болница во тешка состојба.

Норвешката полиција соопшти дека веќе нема никаква опасност за јавноста, но не прецизираше дали напаѓачот е уапсен.

Продавницата во која се случи нападот соопшти дека еден од нивните вработени е повреден со нож.

ИЗДВОЕНИ