Инцидент пред пекарница во Нов Белград: Уапсено лице поради нанесување телесна повредна на 88-годишник

28

Полицијата во Белград денеска го уапси С.Б. (32) поради сомнение дека му нанел тешка телесна повреда на маж (88) пред пекарница во Нов Белград.

При апсењето било утврдено дека осомничениот имал 2,55 промили алкохол во крвта, соопшти МУП, пренесува Танјуг.

Осумдесет и осумгодишен маж бил пренесен во здравствена установа каде му биле констатирани тешки повреди на главата.

По наредба на Третото основно јавно обвинителство Белград, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен кај надлежниот обвинител.