Инцидент на граничен премин Хрватска – БиХ: Младич со автомобил поминал низ рампата, удрил во полициско возило и починал

149

Дваесет и двегодишен младич загина утринава, кога со своето возило „голф“ поминал низ рампата на граничниот премин Каменско од Хрватска кон Босна и Херцеговина.

При бегството кон Томиславград удрил во полициските возила кои поставиле блокада на патот.

Полициската станица Томиславград соопшти дека рано утринава, десет минути по 3 часот, од граничниот премин Каменско добиле пријава дека моторно возило „голф“ пробило низ рампата на влезот во Босна и Херцеговина, по што почнале да бараат тој автомобил.

Возилото било забележано на главниот пат кон Томиславград, па полицијата со светлосна сигнализација поставила блокада со службени возила.

Возачот на „голфот“ Е.Д. без разлика на светлосните сигнали удрил во полициската блокада и починал, се наведува во соопштението.