Инаугуративниот бал на Доналд и Меланија Трамп 2025: Танцови движења кои целиот свет ги протолкува на свој начин

218
Фото: EPA-EFE/MAASNI SRIVASTAVA

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп присуствуваа на балот на врховниот командант по инаугурацијата синоќа.

На настанот за припадниците на војската, тие танцуваа на песната “The Battle Hymn of the Republic”.

Меланија за оваа пригода избра црно-бел фустан без прерамки, бели чевли, а својот стајлинг го комплетираше со црно ланче со брош.

Трамп носеше црн костум вратоврска-пеперушка.

Набргу потоа, на сцената им се придружија потпретседателот Џеј-Ди Венс и втората дама Уша Венс, како и членовите на вооружените сили на нацијата, со кои танцуваа валцер.

„Немав поголема привилегија во мојот живот од тоа да служам како ваш врховен командант, не еднаш туку двапати“, им рече Трамп на присутните.

На Трамп му беше врачен меч на настанот за да ја исече масивната торта, на која беше претставен неговиот омилен дизајн за Air Force One.

Потоа танцуваше со меч во рака додека се свиреше „ИМКА“ на „Вилиџ пипл“.

Џуди Џејмс, експерт за говор на телото, ги сподели своите размислувања за ситуацијата во интервју за Paddy Power.

Џејмс тврди дека Трамп влегол во салата со „бавно алфа присуство“ и насмевка, но и со кревање раменици што сугерирало „мрачен, сериозен пристап кон бизнисот“. Додека се движеше кон Меланија, Џејмс рече дека „нежно ја фатил за рака“ во романтичен гест што обично се гледа на свадбена церемонија.

„Потоа се наведна да ја бакне сопругата и за момент изгледаше дека ќе ја бакне во уста“, рече таа.

Баловите се долгогодишна традиција на инаугурациите во Вашингтон, а првиот инаугуративен бал во САД се одржа во 1809 година за поранешниот претседател Џејмс Медисон и неговата сопруга Доли.

ИЗДВОЕНИ