Доналд Трамп ја започна церемонијата по повод историската втора инаугурација заедно со сопругата Меланија, синот Барон и семејството на црковна служба, само неколку часа пред да положи заклетва, а веднаш потоа се упатија кон Белата куќа.
Откако пристигнаа и се збогуваа со поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, следеше церемонија на која новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп положи заклетва. При влегувањето во Ротонда, Трамп очекувано доби аплауз, а потоа имаше симпатична ситуација со неговата поубава половина Меланија.
Имено, веднаш по церемонијата Трамп пријде да ја бакне Меланија, но тоа беше практично невозможно поради ширината на работ на нејзината шапка. Затоа и испрати бакнеж во „празно“ но и двајцата како и сите присутни со насмевка сведочеа на оваа ситуација.
Да потсетиме, Доналд Трамп денеска точно во 12 часот (18 часот по наше време) беше избран за 47. претседател на САД, што ќе биде негов втор мандат.
Donald Trump almost successfully kisses Melania
Someone doesn’t want to ruin their makeup (we’ll leave it up to you to decide who) pic.twitter.com/EN2oFJWuM9
— RT (@RT_com) January 20, 2025