Пред три години Новак Ѓоковиќ го победи Џенсон Бруксби (24) на САД Опен, откако го загуби првиот сет (1:6, 6:3, 6:2, 6:2). По тој меч тој упати низа пофалби за младиот американски тенисер на кој многумина му предвидуваа светла иднина. Но, тогаш започнаа големи проблеми. Повреда, суспензија, а сега реши да си ја отвори душата и да каже со што се борел во животот, поточно откри дека има аутизам!
И покрај големата борба успеа да се избори, да игра тенис и во еден момент да стигне до 33. позиција на АТП листата. Тој забележа победи и против Каспер Руд, Стефанос Циципас, Тејлор Фриц…
„Не сакав да зборувам за тоа, сакав да го задржам за себе. Тоа е лична работа и не сакав отворено да зборувам за тоа Но, јас секогаш размислував и сфатив дека е време да кажам за мојата болест. Одам на терапија 40 часа неделно само за да научам како да зборувам“, рече Бруксби во интервјуто за АП.
Постојат различни видови на аутизам, еден од нив го има Џенсон и успеал да го најде патот до успехот, а сето тоа со рекет во рацете.
Аутизмот на некој начин ми беше еден вид сила на теренот, иако во исто време тоа е нешто што го отежнува тенисот“, објасни Бруксби.
Мишел Вагнер почнала да работи со него уште од рана возраст, кога имал две години и девет месеци, а таа истакнала дека „Бруксби од сериозна фаза на аутизам преминал во поблага“ и додаде дека неговиот резултат е за пофалба и дека е единствен случај.
Бруксби беше суспендиран на 18 месеци во октомври 2023 година поради пад на допинг тестот. Тој падна на три допинг тестови. Проблемот настанал поради турнир во Холандија кога по трет пат пропуштил тестирање. Следуваше жалба и му беше намалена казната, бидејќи беше утврдено дека тој не е виновен за ова, но и дека лицето кое требаше да го тестира сноси голема вина и дека има забуна кај двете страни.
Жалбата беше прифатена, а Мишел Вагнер имаше влијание кога таа сведочеше во негова корист. “Поради аутизмот, Џенсон имаше големи проблеми, тој беше зад своите врсници во развојот. Затоа и како возрасен има одредени проблеми при донесувањето одлуки. Понекогаш му е тешко да разбере дека ако прави една работа или не прави нешто, тоа може да доведе до некој друг исход, односно нешто може да се случи понекогаш не може да ја разбере причината и последицата“, рече Мишел.
Бруксби ќе се врати на теренот на Челинџер во Канбера (Австралија) пред почетокот на Австралија опен и сака да игра на првиот грен слем во сезоната. Заедно со суспензијата имаше голем проблем со повредите и имаше две операции, едната на левиот зглоб, другата на десниот зглоб. „Многу лоши работи се случија одеднаш. Сега тоа е зад мене и мојата главна цел е да продолжам да се подобрувам“, јасен е Бруксби.
По мечот на САД Опен, Новак јавно го пофали Џенсон. Ќе видиме многу од него во иднина. Има нетипичен стил на игра, многу е талентиран“, изјави тогаш Новак. Бруксби се надоврза со насмевка. „Би рекол дека сето тоа е вистина“.
На крајот од интервјуто тој уште еднаш објасни зошто одлучил јавно да проговори за својата борба со аутизмот. “Сакам луѓето целосно да ме запознаат, да запознаат друг дел од мојот живот. Долго размислував за се и решив јавно да кажам”, заклучил Бруксби.