Има повредени, во тек е истрага: Авион се преврте на слетување во Торонто/ФОТО

110

Авион на „Делта ерлајнс“ се урна денеска на аеродромот Пирсон во Торонто, соопштено е.

Засега нема информации за жртви и повредени.

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа како авионот се превртел на пистата. Наоколу има снег.

Медиумите јавуваат дека несреќата се случила при слетување на авион кој летал од Минеаполис за Торонто.

Екипите на итната помош и пожарникарите се на терен и веднаш реагирале.

Аеродромот минатата недела објави дека таа недела наврнале 53 сантиметри снег.

ИЗДВОЕНИ