Специјален гостин во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска беше малиот Лука Јовановски.
Лука е дете од девет години кое има потешкотии со видот, но е голем љубител на музиката и музичките инструменти. Свири на тапани, хармоника и синтисајзер, а чита и пишува на брајово писмо и има голема желба да се запознава со јавни личности.
Градоначалникот истакна дека му претставува чест и задоволство што Лука е жител на општина Илинден и што посака да ја посети Општината.