Преспанското Езеро денес е симбол на едно од најголемите еколошки катастрофи во регионот. Локалното население, но и пошироката јавност, се загрижени од драматичното повлекување на водата што се случува во последниве 20 години, оставајќи зад себе празни плажи и сува земја. Министерот за животна средина, Изет Меџити на вчерашниот состанок на советодавната мисија „Рамсар“, посветен на иднината на Преспанското Езеро, кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција, истакна дека Македонија прави максимални напори да го спаси езерото кое во изминатите години се соочува со значително намалување на нивото на водата, што претставува сериозна закана за неговиот еколошки систем
Климатските промени, користењето на водата за наводнување, како и подземните истекувања за најголеми закани за Преспанското Езеро. Министерот за животна средина, Изет Меџити на вчерашниот состанок на советодавната мисија „Рамсар“, посветен на иднината на Преспанското Езеро, кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција, истакна дека Македонија прави максимални напори да го спаси езерото кое во изминатите години се соочува со значително намалување на нивото на водата, што претставува сериозна закана за неговиот еколошки систем.
Меџити посочи дека потребни се итни и координирани акции за спас на езерото.
– Климатските промени, користење на водата за наводнување, подземни истекувања се едни од најголемите закани со кои мора сите да се соочиме и да ги решиме. Овие проблеми не можат да чекаат и затоа потребни се итни и координирани акции. Токму затоа, оваа мисија на Рамсарската конвенција е од исклучителна важност – посочи Меџити.
Имплементацијата на ЕУ Зелената агенда на Западен Балкан, Меџити нагласи дека не е изолиран напор – таа бара регионална соработка и усогласување на политиките со Европската Унија.
– Имплементацијата на ЕУ Зелената агенда на Западен Балкан не е изолиран напор – таа бара регионална соработка и усогласување со политиките на Европската унија. Берлинскиот процес и другите иницијативи обезбедуваат вредни рамки за соработка, споделување знаење и финансиска поддршка. Сигурен сум дека само со заедничка работа, владите, бизнисите и граѓанското општество можат да го забрзаат напредокот и да поттикнат овие значајни промени. Токму во таа насока е оваа Рамсарска советодавна мисија која е независен технички советодавен механизам на Рамсарската конвенција, за преку секоја потписничка страна на конвенцијата може да побара стручен совет како соодветно да се справи и да управува со одредено рамсарско подрачје – рече Меџити.
Преспанското Езеро денес е симбол на едно од најголемите еколошки катастрофи во регионот. Локалното население, но и пошироката јавност, се загрижени од драматичното повлекување на водата што се случува во последниве 20 години, оставајќи зад себе празни плажи и сува земја.
Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење за заштита на водните птици или позната како Рамсарска конвенција по името на градот Рамсар, во Иран, каде што во 1971 година е усвоен меѓународен договор за заштита и одржливо користење на водните живеалишта (моклишта) со цел да се спречи нивното уништување и да се нагласи нивната еколошка стопанска, културна, научна и рекреативна вредност.
Македонија има две рамсарски места: Преспанското и Дојранското Езеро. Во 1994 година е основан и Македонскиот рамсарски комитет.
(С.Бл.)