Американката Шанел Тапер од Калифорнија не е обичен студент. Таа е сопственик на неверојатен Гинисов рекорд – ја носи титулата жена со најдолг јазик во светот. Нејзиниот јазик, измерен од врвот до средината на горната усна, достигнува импресивни 9,75 сантиметри, што е речиси двојно подолго од просечниот човечки јазик.
Шанел за прв пат ја забележала нејзината необична карактеристика кога имала осум години и тоа сосема случајно.
„Имав осум години, а јас и мајка ми се фотографиравме за Ноќта на вештерките. На една од сликите и двете го извадивме јазикот. Забележав дека имам долг јазик само кога беа развиени сликите… но претпоставувам дека тоа стана очигледно дури во средно училиште кога луѓето почнаа да коментираат“, се сеќава Шанел.
За да разберете колку навистина и е долг јазикот, Гинисовата книга на рекорди нуди неколку интересни споредби. Нејзиниот јазик е долг колку iPhone, долг како најголемата лебарка на светот, широк како човечка дланка и гломазен како хамбургер.