
Каде и да играше, Златан Ибрахимовиќ, имаше конфликт со некои играчи. Веќе на почетокот на кариерата додека настапуваше за Ајакс се судри со Рафале Ван дер Варт, во тоа време капитен и омилен играч на „Амстердам Арена“.
Потоа следеше трансфер во Јувентус. Во тоа време, Серија А беше најсилната лига во светот со бројни фудбалски ѕвезди, а Ибрахимовиќ имаше прилично тенок фитил.
Сите се сеќаваат на жестоката пресметка со покојниот Синиша Михајловиќ од 2005 година кога Ибра со глава го удри српскиот стопер откако го пцуеше и навредуваше. Немилиот настан се случи на натпреварот помеѓу Јувентус и Интер.
Тепачката со Огучи Онјеву од времето кога двајцата сега веќе поранешни играчи настапуваа за Милан го доби епитетот антологија, а Ибра дури заврши со неколку скршени ребра.
Во финишот од успешната кариера Ибрахимовиќ имаше блиска средба со Ромелу Лукаку. Тоа беа моменти полни со тензија и судир на двајца колоси кои некако успеаја да се воздржат.
Ибра во текот на кариерата играше со бројни играчи кои потекнуваат од екс-ју просторот и генерално имаше добра комуникација.
Сепак, во одредени моменти имаше и искри, а Ибрахимовиќ заеше да остане смирен и да не реагира премногу. Ова особено беше случај со двајца Срби.
Првиот сериозен дуел се случи на мечот Андерлехт – ПСЖ, кога младиот Александар Митровиќ ладно го нарече Ибра „пи*ка
„Што е пи*ко“ тогаш викна Митро, а интересно е што Златан остана мирен и не сакаше да навлегува во расправии, само ја сврте главата и си замина, веројатно не сакајќи да ризикува со јавна опомена.
„Во текот на целиот натпревар тој беше многу препотентен и груб кон сите играчи на Андерлехт“, изјави тогаш Митровиќ и продолжи:
„Тој ме фаулираше и морав да го избркам и да му кажам се што имам во лице. Тој тепаше цел натпревар.
Митровиќ го нарече „пи*ка“, а Немања Матиќ на еден од тренинзите на Манчестер Јунајтед му кажа дека е девојче. За ова пред неколку години зборуваше новинарот Александар Стојановиќ.
„Кога Матиќ се пресели во Манчестер Јунајтед, на тренинзите виде дека сите го третираат Златан со преголема почит. Никој не е силен во дуелот со него, го заобиколуваат. Настанува ситуација, Матиќ влетува во дуелот, ја одзема топката од Ибрахимовиќ. Неколку пати се повторила ситуацијата. Златан мрмори нешто и во еден момент му вели нешто грдо, искрено не се сеќавам што, нешто во смисла: ‘Што сакаш, што ти е, дали си нормален…’ На што Матиќ одговорил: „Ајде, не се однесувај како девојче, туку играј, што кукаш…“ Од тој ден тие беа најдобри пријатели во клубот“, изјави Стојановиќ.