По празниците често останува корпа полна со шарени велигденски јајца и прашањето „што да се прави со нив сега?“, e неизбежно. Наместо да ги фрлите или да ги оставите да скапуваат во фрижидер, постојат многу едноставни и вкусни начини да ги користите.
Од брзи оброци до креативни рецепти, тврдо варените јајца можат да станат ѕвезда на вашата кујна и по празниците.
Салата од компири со јајца
Подгответе компир салата со јајца и млад кромид. Младиот кромид исечкајте го на 1 cm должина, јајцата на осми и зачинете со малку мајонез и сенф. Направете салата од компири и додадете кришки варени јајца. Зачинете по вкус.
Јајца со путер и зачини
Пробајте јајца со путер и билки. Изрендајте ги јајцата, ситно исечкајте го магдоносот, изрендајте чешне лук и зачинете со сол и бибер. Растопениот путер на собна температура убаво измешајте го со смесата. Овој намаз може да остане подолго, а можете да го завиткате и во ПВЦ фолија и да го чувате во замрзнувач. Одличен е како намаз, но и како додаток на шницли или зеленчук.
Супа од јајца
Можете да додадете варени и рендани јајца во супи, чорби, пире од компири, моркови или друг зеленчук.
Чорба од јајца
Направете чорба од зеленчук и ориз и додадете јајца.
Ориз со јајца и печурки
Јајцата одлично одат и со рижото од печурки.