„Им зборуваш на луѓето како да ја освојат Премиер лигата, а никогаш не си ја освоил“

42

Пред неколку дена легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, сугерираше дека Мохамед Салах е во неповолна положба на годишната дебата за „Златната топка“ бидејќи не може да победи на некој голем меѓународен турнир како што се Европското првенстви, Копа Америка или Светското првенство.

На овој начин поранешниот стопер на „црвените“ ја девалвира АКН, односно шампионатот на африканските репрезентации, кој Карагер очигледно не го смета за сериозен и голем.

Карагер потоа се соочи со многу критики, а со него не се согласуваа Даниел Стариџ, Рио Фердинанд, Мика Ричардс и други.

Сега Џон Оби Микел, поранешниот играч од средниот ред на Челзи, исто така „удри“ по Карагер.

“Тоа што го кажа е такво непочитување, кое доаѓа од некој кој никогаш не победил на големо меѓународно натпреварување со Англија. Неговата изјава беше апсолутно погрешна. Се надевам дека ќе излезе и ќе се извини бидејќи им должи извинување на луѓето ширум светот. Не може да не почитува толку голем турнир”, изјави Микел и продолжи:

„Човекот кажува толку многу работи на телевизија, никогаш не ја освоил Премиер лигата, ги анализира тимовите и им вели дека мора да ја освојат Премиер лигата. Никогаш не сте ја освоиле, не знаете што е потребно за да ја освоите Премиер лигата, не знаете што е потребно за да победите со вашата репрезентација. Луѓето во Африка умираат за Африканскиот куп на нации, а тој го дискриминира“.

„Толку сум лут, толку сум лут, тој помина толку многу години играјќи за Ливерпул и ја нема освоено Премиер лигата. Седи таму од недела во недела и зборува и ги учи луѓето обидувајќи се да им каже како да ја освојат Премиер лига која никогаш не ја освоил“.

„Африканците ве гледаат за време на викендот, а вие седите таму, отворате уста и го дискредитирате целиот е*ен континент Африка, велејќи дека турнирот на африканските нации е с*ање“.

„Нема вредност затоа што не е ЕП или Копа Америка. Може да о*јебе. Во Африка знаеме што носиме во Премиер лигата. Ако освоил ЕП или нешто со Англија, би можел дури и да го разберам“, додаде Микел.

За време на неговата играчка кариера, Микел го освои Африканскиот куп на нации во 2013 година и заврши како вицешампион во два одвоени наврати.

Добитниците на „Златната топка“ честопати ја вкусиле славата или во Лигата на шампионите или на меѓународните турнири – обично на Европското првенство или на Копа Америка.

Ниту една африканска ѕвезда ја нема освоено „Златната топка“ од Џорџ Веа во 1995 година, додека Садио Мане заврши на второто место во 2022 година.

ИЗДВОЕНИ