Илон Маск првпат јавно го навреди советникот за трговија на Трамп, нарекувајќи го кретен

218

Американскиот мултимилијардер и извршен директор на „Тесла“ Илон Маск, денеска за првпат јавно го навреди советникот за трговија на Доналд Трамп, Питер Наваро, со што откри несогласувања во тимот на американскиот претседател.

Маск, најбогатиот човек на светот, кој ја води мисијата за радикално намалување на јавната потрошувачка во име на американскиот претседател, напиша две пораки на својата социјална мрежа Х, нарекувајќи го Питер Наваро „кретен“ и „глупав како ноќ“.

Маск, близок соработник на републиканскиот претседател чија кампања тој великодушно ја финансираше, ги напиша овие пораки покрај видеото во кое Наваро тврди дека шефот на „Тесла“ не е производител на автомобили, туку само склопува автомобили чии делови се увезени од Азија.

Наваро во интервју за телевизиската мрежа „Си-ЕН-Би-Си изјави дека гумите, моторите и други делови за автомобили треба да се произведуваат во Соединетите Американски Држави и дека за ова прашање има различен став од Маск.

 

„Наваро е навистина кретен. Тоа што го кажува е лага и лесно се докажува. Наваро е нем како ноќ“, напиша Маск во двете пораки што ги објави Бета.

ИЗДВОЕНИ