Илон Маск направи хаос во Америка, а сега „фрли“ око и на Европа: Станува се помоќен играч во светската политика

649

Илон Маск, најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата X, не престанува да предизвикува контроверзии со своите политички ставови и постапки. Иако е познат како технолошки претприемач, се поочигледно е дека стана клучен играч на глобалната политичка арена, покрај Америка, сега и во Европа. Во последните месеци Маск сè поотворено го меша своето име во политиката, поддржувајќи екстремно десничарски партии и политичари, што предизвикува сериозни контроверзии и реакции во европските политички кругови.

Поддршка за десничарските партии во Европа
Откако повика на гласање во Германија за десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD), Маск предизвика бран критики за неговата вклученост во изборната кампања. АфД, која се противи на миграцијата и има екстремно десничарска агенда, стана предмет на контроверзии, а нејзината поврзаност со Маск дополнително ги подгреа тензиите. Маск на платформата X рече дека AfD претставува „искра на надеж за Германија“ и дека таа е единствената партија што може да го спречи економскиот и културниот колапс на земјата. Тој ја пофали АфД за нејзиниот став кон имиграцијата, истакнувајќи дека партијата „е единствената што може да ја оживее германската економија и да го спаси идентитетот на земјата“.

Шолц за Маск: „Не го хранете тролот“

Покрај тоа, Маск отворено ги поддржа нивните ставови за „контролирана имиграциска политика“, што предизвика негодување во многу политички кругови, кои сметаат дека Маск поддржува радикални и нетолерантни ставови. Неговата изјава дека АфД не е „десничарска екстремистичка“ партија, туку „партија на надежта“, предизвика лавина критики. Иако Маск сугерираше дека копретседателот на AfD, кој е во врска со жена од Шри Ланка, воопшто не е во согласност со „расистичката“ слика на партијата, многумина ја сметаа неговата поддршка како унапредување на ширењето на десничарскиот популизам, кој многумина велат дека е закана за европските демократии.

Поддршката на Маск за AfD не е изолиран инцидент. Тој веќе ги поддржа десничарските политичари во други европски земји. На пример, тој имал контакти со британскиот политичар Најџел Фараж, на кого наводно му ветил дека ќе го поддржи финансиски. Освен тоа, Маск одржува блиски односи со италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината партија „Браќата на Италија“, која се смета за десничарска екстремистичка. Овој тренд се повеќе се поврзува со целта на Маск да ги поддржи десничарските популистички сили, кои се противат на имиграцијата, европската интеграција и економските реформи кои не се во согласност со неговите интереси.

Напади врз германски политичари
Освен што ја поддржува екстремната десница во Германија, Маск е познат и по тоа што ги напаѓа политичарите во земјата, вклучително и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц. Во декември 2022 година, Маск го означи Штајнмаер како „недемократски тиранин“ на Платформата X, критикувајќи го неговиот говор во кој предупредуваше на опасностите од надворешно влијание на германските избори. Маск тврдеше дека изборите во Германија се манипулираат преку надворешни влијанија, нагласувајќи дека коментарите на Штајнмаер се непотребни и дека е неосновано предупредувањето за изборни манипулации. Во исто време, тој го нападна и канцеларот Шолц, нарекувајќи го „будала“ и обвинувајќи го за неефикасност во справувањето со клучните прашања.

ИЗДВОЕНИ