Американскиот милијардер Илон Маск ги повика своите поддржувачи да не донираат на непрофитната организација што ја води Википедија, откако беше објавено дека организацијата одвоила повеќе од 50 милиони долари за трошење на иницијативи за различност, еднаквост и инклузија (DEI).
„Престанете да донирате на „Wokepedia“ (Википедија) додека не го избалансираат нивното уредување“, напиша на X платформата Илон Маск, кој намерно ја преименува Википедија во „Wokepedia“ алудирајќи на „Воук“ (Woke), политички термин што означува зголемено внимание на прашањата што се однесуваат на социјална, расна и родова еднаквост.
Маск, кој беше назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за државен секретар за владина ефикасност, се надоврза на објавата на десничарскиот коментатор „Libs of TikTok“, кој претходно сподели графикотн што покажува дека 29 отсто од 177 милиони долари на Википедија буџет за 2023 -2024 година беше фокусиран на „правичноста“ и „безбедноста и инклузијата“, објави Њујорк пост.