Милијардерот Илон Маск, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, доби син со Шивон Зилис, која е директорка во неговата компанија Неуралинк, а со која веќе има три деца.
„Разговарав со Илон и во светло на роденденот на убавата Аркадија, сметаме дека е најдобро директно да ги споделиме информациите за нашиот прекрасен и неверојатен син Селдон Ликургус“, напиша Зилис на платформата X, без да открие кога се родил синот.
Маск на нејзината објава реагираше со емоџи со срце.
Објавата на Зилис доаѓа две недели откако конзервативната инфлуенсерка Ешли Ст. Клер објави и дека неодамна добила дете со Маск.