Илон Маск: Би било идеално да нема царини меѓу Европа и САД

80
EPA-EFE/SAMUEL CORUM

Американскиот технолошки милијардер Илон Маск изјави во саботата дека се надева дека ќе види целосна трговска слобода меѓу САД и Европа во иднина, неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини за трговските партнери.

Маск, советникот на Трамп кој работи на елиминирање на непотребното американско трошење, зборуваше преку видео врска на конгресот на италијанската десничарска владејачка партија „Лига“ во Фиренца.

„Европа и САД би требало идеално да еволуираат, според мое мислење, кон ситуација со нула царини, со што ќе се создаде зона на слободна трговија меѓу Европа и Северна Америка“, рече Маск, додавајќи дека САД и Европа би можеле да воспостават многу блиско партнерство.

Маск зборуваше на состанокот на партијата предводена од Матео Салвини еден од поддржувачите на Маск.

Изјавата на американскиот мултимилијардер доаѓа три дена откако Трамп воведе царини од 20 отсто за стоките што пристигнуваат во САД од Европската унија .

ИЗДВОЕНИ