Илјадници луѓе во Софија им оддадоа почит на загинатите во Кочани

117
Фото: BGNES

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

Во неколку градови во земјава денеска ќе се одржат погреби на 59 трагично настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани во Кочани, а погреби ќе се одржат и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица.

ИЗДВОЕНИ