Неколку илјади луѓе се собраа денеска во Букурешт на митинг на крајнодесничарската партија Алијанса за Унијата на Романците (АУР) против владата на премиерот Марсело Чолаку.
На собирот се обратија лидерот на партијата АУР, Јоргос Симион, како и десничарот Калин Ѓорѓеску, победникот од поништениот прв круг од претседателските избори, пишува сајтот Диги24.
За време на протестот дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а дел од учесниците на протестот фрлаа предмети и пластични шишиња кон полицијата.