Пратеничката и претседателка на Комисијата за социјална политика, Илире Даути денеска поднесе оставка до Собранието. Ова следува откако во петокот, од страна на пратениците беше изгласана интерпелација како претседател на Комисијата.
Иако бараше 15 минути на говорница да ја образложи својата оставка претседателот на Собранието, Африм Гаши тоа не и дозволуваше. Претходно, Даути излезе на говорницата со барање дека сака да ја образложи оставката од претседателка на Комисијата за социјална политика по изгласаната интерпелација, која утрово ја доставола до Собранието.
-Не знам поради кои причини вие Африм Гаши на почеток на седница не го констиравте моето разрешување. Утрово доставив неотповиклива оставка и барам 15 минути да ја образложам оставката – рече Даути во процедурално обраќање.
Гаши одговори дека дописот за оставката го добил пред седницата и дека на следната седница ќе ја констатира и таа ќе може да се обрати пред пратениците. Но, подоцна, Даути почна со обраќањето пред пратениците при што ја образложува својата оставка.