Илчо Стојаков, поранешен градежен работник од Штип по 11 пат е победник на традиционалниот натпревар во брзо јадење на штипска пастрмалија, што се организираше по повод манифестацијата „Штипска пастрмалијада“. Тој овој штипски специјалитет успеа да го изеде за две минути.

– Набрзина и во рекордно време ја изедов пастрмалијата и и мислам дека откако ќе ми легне, ќе можам да запеам крај главната бина заедно со Јордан Митев кој е мој омилен пејач, но подоцна ако не е доцна, околу полноќ и со главната звезда на вечерта, хрватскиот пејач Петар Грашо – рече Стојков.

И Петар Грашо заедно со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов пробаа пастрмајлија.

На 20 септемеври, пекарот Николче Малинов како донација на Штипската пастрмајлијада приготви џиновска пастрмалија долга два метри и широка 1,20 метри за отварање на настанот.

Традиционалната манифестација годинава се одржа по 16. пат, на улицата „Ванчо Прќе“, во центарот на Штип, која се адаптираше во новоо шеталиште.