Се уште не стивнуваат реакциите за мечот меѓу Холандија и Македонија (37:32) на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, поточно за судењето на данските суди Мадс Хансен и Јеспер Мадсен, како и постапките на македонските навивачи, кои незадоволни од арбитражата по завршување на мечот фрлаат тврди предмети и кованици од трибините во „Вараждин Арена“ кон судиите и противничките ракометри. Поради ова „лалињата“ уште пред прогласувањето на МВП играчот на мечот ја напуштија салата.
За сето ова подебелиот крај го извлече Ракометната федерација на Мскедонија (РФМ), откако Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) експресно изрече парична казна од 10.000 швајцарски франци поради однесувањето на македонските навивачи на натпреварот
Освен Македонија, ИХФ го казни и ХРС (Хрватскиот ракометен сојуз) поради слабата организација на натпреварот. Од светската куќа на ракометот донесоа одлука и за затворање на дел од трибините, тоа се однесува на делот што се наоѓа веднаш зад клупите на двете репрезентации.
Од ИХФ сугерираат овој дел од трибините да остане затворен за сите натпревари до крајот на Мундијалот, а доколку се случи повторно да има инцидент на некои од натпреварите, тогаш Македонија во „Вараждин Арена“ би играла пред празни трибини.
Македонската ракометна репрезентација исто така најви жалба за делењето на правдата од страна на данските судии, но се уште нема крен епилог дали е уважена и дали ќе има последици по скандинавските арбитри.
Македонија вечерва (18.00 ч.) против Гвинеја го игра последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров, со победа го заверуваат пласманот во главната фаза, во која би пренеле еден бод од ремито со Унгарија во првото коло од шампионатот. Македонија во главната фаза би играла против селекциите на Франција. Австрија и Катар.