Предраг Спасиќ остана запаметен во светот на фудбалот како поранешен југословенски репрезентативец и играч на Реал Мадрид!
Роден во Крагуевац во 1965 година, Спасиќ покажа талент уште на рана возраст и брзо го привлече вниманието на тренерите и скаутите.
Неговиот напредок и посветеност го доведоа до место во репрезентацијата на Југославија.
Неговото присуство на теренот беше од витално значење за тимот бидејќи даваше дополнителна сила и беше бедем на дефанзивната игра.
За жал, сега е познат како поранешен фудбалер кој банкротираше и се најде во многу тешка економска ситуација.
Ги загуби сите пари што ги заработи за време на неговата успешна фудбалска кариера, а неговата приказна укажува на различните предизвици со кои се соочуваат спортистите.
Поранешниот централен дефанзивец инвестираше во проект кој не се исплатеше и заврши со банкрот. Овој неуспех беше емотивен и финансиски удар за Спасиќ.
„Да, после сето тоа имав некои проблеми. Вложив некои средства во фирма, а тие пропаднаа поради бомбардирањето и се пропадна. Доживеав голема финансиска загуба. После тоа бев разочаран. Паднав во некоја депресија и повеќе лоши работи ми се случуваа во животот. Така се борев со себе десет години и со помош на моето семејство, брат ми Бојан и една докторка која многу ми помогна, успеав да се стабилизирам и да се опоравам од депресијата“, изјави Спасиќ за „Спорт Клуб“.
Моментално Спасиќ има работа во магацин во Крагуевац, а месечните примања му се само 400 евра месечно. И покрај ова, Спасиќ се бори и зрачи со исклучителна волја и сака да биде силен за да надмине се.
Здружението на ветерани на Реал (М) одлучи да му помогне пред неколку години.
“Среќен сум поради тоа. Горд сум, можеби е моја вина. Се што ми се случи силно ме удри и не разговарав со никого. Живеев во тишина и се затворив во себе”, изјави Спасиќ. .
Неговата кариера во Реал Мадрид за жал беше одбележана со автогол против Барселона. Денес тоа е неизбришлив дел од неговото фудбалско наследство.