Дејан Савичевиќ, поранешен црногорски напаѓач и еден од најдобрите југословенски фудбалери на сите времиња, се присети на натпреварот меѓу Хрватска и Југославија одигран на „Максимир“ во 1999 година. Во интервју за „Jedan običan podkast“ со Милош Конатар, тој зборуваше за деталите од таа средба.
„Само еднаш имав такво ниво на безбедност. На секои 200 метри од стадионот до хотелот во Загреб имаше војник или полицаец со калашников. Туѓман нареди силно обезбедување и ни рекоа дека е безбедно да се шетаме низ и околу хотелот. Хрватската полиција и служби завршија одлична работа“, откри Савичевиќ и додаде:
„Влатко Марковиќ дојде по натпреварот и ни честиташе за пласманот на ЕП. На некои од нас можеби им беше непријатно поради атмосферата на трибините, но немаше никаква опасност за нас“. Пеѓа Мијатовиќ играше со Шукер во Реал (М), јас играв со Бобан во Милан. Имаше многу играчи кои се познаваа, но чувството беше прилично чудно. Во Загреб бев на клупата за резерви и тогаш ја видов Северина за прв пат, која пееше пред почетокот на натпреварот“.
На крајот од интервјуто легендарниот фудбалер на Милан додаде: „Во Загреб имаше забава, тогаш не знаев која е таа, се загреваше тимот и наеднаш излезе девојка убава како ангел. Сите пееја. а јас не знаев ниту една песна. Подоцна дознав дека тоа е Северина“.
Хрватска и Југославија играа квалификации за ЕП 2000 во Белгија и Холандија. Натпреварот на „Максимир“ се одигра на 9 октомври 1999 година и заврши 2:2. За Хрватска, на која и требаше победа, тоа беше рамно на пораз.
За Хрватска погодија Ален Бокшиќ и Марио Станиќ, а за гостите Дејан Станковиќ и Синиша Михајловиќ. Претходно во Белград беше 0:0, а тоа беа првите фудбалски натпревари меѓу овие земји по војната. Тоа беше и првиот голем турнир што Хрватска го пропушти.