
Пред две недели Манчестер Јунајтед успеа да ремизира против Евертон (2:2), а потоа во следното првенствено коло го победи Ипсвич со 3:2. Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш постигна прекрасен погодок на „Гудисон парк“ и беше е еден од подобрите на последниот натпревар на „Олд Трафорд“.
Сепак, и покрај таквиот факт, легендарниот поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин не беше импресиониран ниту од капитенот ниту од играта на „црвените ѓаволи“.
Поранешниот репрезентативец на Ирска е познат по своите жестоки коментари, беше силно критичен кон играчите на Манчестер Јунајтед, особено укажувајќи на недостатокот на карактер во тимот. Неговиот гнев беше насочен и кон сегашниот капитен Бруно Фернандеш.
„Овие играчи едноставно го немаат она што е потребно за да го носат дресот на Манчестер Јунајтед“, изјави Кин за Sky Sports и додаде: „Гледам премалку страст, премалку борба. Каде е Јунајтед што го знаевме? Овие играчи се е*ани измамници. „Капитенот треба да биде пример за другите, но тој поминува повеќе време жалејќи им на судиите отколку да го води тимот. Тоа не му треба на Јунајтед“.
Зборовите на Кин одекнаа кај фановите кои беа поделени во мислењето. Додека некои ја поддржуваат неговата критика, други веруваат дека тој е премногу суров кон тимот кој се бори да се врати на старите славни денови.