Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Полјачката Ига Швјонтек, се огласи по повод допинг-скандалот во кој беше вмешана. Таа беше позитивна на забранетата супстанција триметазидин, поради што беше привремено суспендирана од 12 септември до 4 октомври. Потоа жалбата ѝ беше прифатена.

  • Конечно ми е дозволено. Сакам веднаш да го споделам со вас најлошото искуство во мојот живот. Последните два и пол месеци сум под строга процедура на ИТИА (Меѓународна тениска агенција за интегритет), од каде што ја потврдија мојата невиност. Единствениот позитивен тест во мојата кариера, кој покажа неверојатно ниско ниво на забранетата супстанција за која никогаш порано не сум слушнала, го доведе во прашање сето она за што работев напорно во мојот живот. И јас и мојот тим мораше да се справиме со огромен стрес и со анксиозност. Сега сè беше внимателно објаснето и со чист образ можам да му се вратам на она што најмногу го сакам. Знам дека ќе бидам посилна од кога било – напиша Ига Швјонтек.

Таа воедно ѝ се обрати на јавноста преку социјалните мрежи.

  • Ви оставам долго видео, сега ми олесни што е готово сè. Сакам да бидам отворена со вас, иако знам дека не направив ништо лошо. Од почит кон обожавателите и кон јавноста, ги споделувам сите детали од овој најдолг и најтежок турнир во мојата кариера. Моја најголема надеж е дека ќе останете заедно со мене – порача полската тенисерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iga Świątek (@iga.swiatek)

Ига Швјонтек моментно е втора на ВТА-листата и во кариерата освои пет грен- слем титули.

ИЗДВОЕНИ