Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство

171

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција.

-Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад, рече Муцунски на прес-конференцијата.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, додаде дека во моментов има 116 лица кои се лечат надвор од нашата земја и тоа во 14 држави.

ИЗДВОЕНИ