ИДФ: Убиен командантот на Хезболах одговорен за ракетниот напад врз Израел

52
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Командантот на Хезболах, Хасан Фареш Јеши, кој беше одговорен за нападот со противтенковски наведуван ракетен напад врз северен Израел, е убиен денеска во напад на израелско беспилотно летало врз градот Хуаја во Либан, објави ИДФ, пренесува The Times of Israel.

Либанските медиуми објавија информации од Министерството за здравство дека две лица загинале кога израелски беспилотни летала гаѓале мотоцикл во Хуаја.

Шест лица се повредени во овој напад, јавуваат либанските медиуми.