Подготовката на еден едноставен пијалак може да ви помогне да го подобрите вашето здравје.
Освен тоа, со негова помош можете и да ослабете, доколку ви е потребно од здравствени причини.
Тоа е пијалак направен од зелен чај, цимет и ловоров лист.
Го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето, го регулира нивото на шеќер во крвта и обезбедува многу антиоксиданси кои го подобруваат здравјето на срцето.
Овој пијалок има многу корисни ефекти врз здравјето, а се покажал и како ефикасен во процесот на слабеење.
Зелениот чај содржи полифеноли кои го подобруваат согорувањето на мастите и го забрзуваат метаболизмот.
Овој чај содржи и кофеин, кој може да ја зголеми енергијата и да го забрза процесот на слабеење, а богат е и со антиоксиданси кои помагаат да се намали оксидативниот стрес, кој придонесува за здравјето на срцето.
Циметот, како додаток на овој напиток, е познат по своите својства за регулирање на нивото на шеќер во крвта и подобрување на нивото на инсулин.
Ова може да го намали внесот на калории со стабилизирање на апетитот и намалување на желбата за нездрави грицки. Циметот исто така му помага на телото да согорува повеќе калории дури и кога се одмараме.
Ловоровиот лист има својства кои помагаат во чистење на телото од токсини. Корисен е за подобрување на варењето, намалување на надуеноста и забрзување на метаболизмот, што придонесува за здравјето на цревата и подобра апсорпција на хранливите материи.
Колку шолји се доволни за консумирање во текот на денот?
Овој пијалак се препорачува да се пие наутро или во текот на денот пред јадење.
Се препорачува да се пие една до две шолји од пијалакот дневно, но не е препорачливо да се претера бидејќи зелениот чај може да предизвика несоница поради кофеинот што го содржи.
Овој пијалак е најефикасен кога се комбинира со здрава исхрана и физичка активност, пишува Klix.ba.
За да ја подготвите напивката, потребна ви е една кесичка зелен чај, едно стапче цимет, два-три ловорови листови, 250 ml вода и мед или лимон по желба.