Иницијативата „За почиста Македонија“, в сабота со почеток во 11:00 часот, организира акција во природа за чистење на Марков манастир.

– Иде пролет. За цветната сезона да не ја дочекаме во ѓубре, редно е да ѝ посветиме малку љубов на природата. Марков манастир е прекрасно и популарно излетничко место, кое, за жал, е често посетувано од несовесни граѓани, кои го користат како лична депонија. Време е да ги засукаме ракавите и да дадеме пример како треба да се чува едно вакво место – велат од иницијативата „За почиста Македонија“.

Тие ги повикуваат граѓаните да дојдат во опуштена атмосфера, покрај река, со убаво друштво и музика за да се направи пределот непрепознатлив.

Учесниците во акцијата ќе ги забавува диџеј.

– Ќе го имаме @leonspremo, кој знае да создаде вистински амбиент за тимска работа во природа – нагласуваат од „За почиста Македонија“.

Материјалите за работа и превозот ќе бидат обезбедени од организаторот.

 

 

 

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ