
Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ (43), се пензионираше во јуни 2023 година и сега работи како „виш советник“ во редовите на италијанскиот калчо гигант Милан. Популарниот Ибракадабра е многу активен во работата со првиот тим на „росонерите“ и неговото влијание се чувствува во секој агол на „Сан Сиро“.
Сепак, Златан не е во клубот речиси две недели, а таквата информација привлече големо внимание кога е во прашање фудбалската јавност на Апенинскиот полуостров.
Италијанските медиуми откриваат дека легендарниот Ибрахимовиќ моментално се справува со сериозен грип кој го остави врзан за кревет и предизвикувајќи загриженост кај неговите соработници и обожаватели.
Болеста на Златан сериозно го скрши, нешто се искомплицира, а неговото закрепнување од грипот трае неочекувано долго, пишуваат италијанските медиуми кои дознаваат дека Ибра сепак треба да се врати на работа оваа недела.
Според весникот Il Giornale, Златан Ибрахимовиќ треба да се врати во Миланело пред неделниот дерби натпревар против второпласираниот тим во Серија А. Нема дилема дека Златан ќе биде со својот тим и ќе му даде максимална подршка во пресрет на решавачкиот дел на сезоната во која Милан ќе ја води борбата за европските квалификации. На девет кола до крајот на актуелната сезона Милан е на 9-та позиција на табелата и има шест бода помалку од четвртопласираната Болоња која моментално е на последната позиција кога гарантира директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.