Поранешниот министер за здравство на Хрватска Вили Берош, уапсен под сомнение за сериозна корупција при набавката на скапи оперативни микроскопи во болниците, моментално е во истражен затвор во Реметинац. По апсењето, премиерот Андреј Пленковиќ го разреши од функцијата министер за здравство и вицепремиер.
Иако е разрешен од функцијата министер и иако е во затвор, Берош сепак може да зема брутално висока министерска плата.
Имено, затворениот поранешен министер има право на т.н Привилегијата „6+6“ што значи дека шест месеци по отказот може да ја добива целосната министерска плата, а во следните шест месеци половина од таа плата, под услов во тој период да не најде друга работа.
Покрај министерската функција, Берош на последните парламентарни избори доби и пратенички мандат. По разрешувањето има можност да го активира тој мандат и да стане пратеник. Доколку одлучи да го активира мандатот, може веднаш да го стави во мирување, со што ќе ги задржат правата и привилегиите поврзани со пратеничката функција, вклучително и значителна пратеничка плата, за период од шест месеци.
Бидејќи Пленковиќ владее со минимално мнозинство од 76 раце, би му била потребна и раката на Берош доколку во одреден момент се врати во парламентот, што е можеби клучната причина зошто тој ќе остане член на ХДЗ.
Берош има рок од осум дена од разрешувањето да одлучи дали ќе го активира пратеничкиот мандат или не. Поучени од претходните искуства на разрешените министри Пленковиќ, минимални се шансите тој да не го активира мандатот или да ја искористи привилегијата „6+6“ и со тоа да остане без право на плата и други привилегии поврзани со неговите претходни функции.
Берош во јануари 2024 година изјавил дека неговата нето плата била 2.650 евра. Но, летото владата брутално ги зголеми платите на министрите, а на Берош, бидејќи беше и вицепремиер, платата му се покачи на околу 4.700 евра.
Тоа значи дека, доколку ја земе привилегијата 6+6, може да зема целосна плата од околу 4.700 евра за првите шест месеци и најмалку 2.300 евра за уште шест месеци.
Пратеничката плата, пак, е околу 3.500 евра, без додатоци.