И во Македонија повик за бојкот на маркетите на 31 јануари!

151

По примерот на Хрватска, на кој се повикаа и граѓаните на Црна Гора и БиХ,  на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради високите цени на храната. Граѓаните се повикуваат на последниот ден од месец јануари да не купуваат ништо со цел да се изврши притисок и врз трговците, но и врз Владата да се преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата но и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Иницијативата кај нас доаѓа откако вчера и БиХ најави дека ќе го следи хрватскиот пример и тие најавија дека ќе организираат ваков бојкот.

На социјалните мрежи почна да се споделува фотографија на која стои „Попусто попусти кога цените се исти“ и најава за бојкот на маркетите на 31-ви јануари. Граѓаните се револртирани од односнот на трговците и немоќта на власта да стори нешто бидејќи мерките кои досега беа на сила не дадоа буквално никаков ефект за подобрување на куповната моќ, напротив само зголемување на профитот на трговците.

Во Хрватска, граѓаните организираа масовен протест, изразувајќи незадоволство од високите трошоци за живот. Овој протест ја намали продажбата во макретите за 50 отсто во еден ден, а тоа ги инспирираше и соседните земји да преземат слични акции.

Слични иницијативи се најавени и во Црна Гора, каде граѓаните планираат да се воздржат од купување во супермаркетите и да избегнуваат помалите маркети на 31 јануари. Целта е да се испрати порака дека граѓаните не ги толерираат нереалните поскапувања.

ИЗДВОЕНИ