Сообраќајните знаци веќе извесно време се направени од дрво во Австрија, а неодамна и во Виена.
Дрвените табли не траат долго како металните табли, но се прифатени бидејќи благодарение на еколошкото производство придонесуваат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид (CO2).
Знаците во Виена се направени од дрво од топола или бреза од Централна Европа.
Нивната конструкција е таква што може да се постават на обични столбови.
Визуелно се разликуваат од металните само по рефлектирачката површина, соопшти денеска Канцеларијата на Градот Виена во Белград, пренесе агенцијата Бета.
Во почетокот, предизвик за новите сообраќајни знаци беше отпорноста на метеоролошките услови и лепењето на филмот на дрвото. Бидејќи дрвото е термички обработено, знаците сега, според експертите, се отпорни на атмосферски влијанија.
Меѓутоа, со животен век од околу 20 години, тие не се поиздржливи од алуминиумските.
„Овие знаци имаат многу поволен баланс на CO2, произведувајќи една третина од емисиите на CO2 во споредба со алуминиумските знаци“, рече Томас Келер, раководител на Секретаријатот за изградба на патишта, пренесува Бета.
Кога ќе им истече рокот на употреба, дрвените сообраќајни знаци може да се компостираат или да се користат како гориво, а оние кои се во подобра состојба ќе се зачуваат за повторно да се постават некаде како замена за оштетените по потреба.
Дрвените сообраќајни знаци „се наметнаа бидејќи ни требаа 46 нови“, изјави градскиот секретар за мобилност, Ули Зима.
Во главниот град на Австрија за прв пат беа поставени дрвени сообраќајни знаци на новообновениот плоштад Кристијан Брод.