И Швеѓаните не се безгрешни: Дале 1,3 милиони евра за автобуси на водород па сфатиле дека нема каде да ги полнат

40

Иако шведскиот град Сандвикен има станица за полнење водород од 2016 година, излегло дека Икс-трафик, локалната транспортна компанија, направила голема грешка.

Набавиле два автобуса на водород за 1.303.710 евра, но кога автобусите дошле, било откриено дека единствената бензинска станица за водород не може да го испорача потребниот притисок од 350 бари, пишува „Ревијахак“. Станицата била приспособена само за патнички возила, кои се полнат на 700 бари.

-Бевме многу изненадени, изјави Андреас Ериксон, регионален менаџер за сообраќај во Икс-трафик, за Сверигес радио.

Како резултат на тоа, водородните автобуси не се користат од 2021 година. Нивната неактивност веќе чини околу 250.000 евра за амортизација.

Дури сега, по четири години, станицата ќе се приспособи на автобусите, што значи дека капацитетот за полнење на водород ќе работи на 350 бари, што конечно ќе овозможи тие да влезат во сообраќај.

ИЗДВОЕНИ