И познатите против говор на омраза на интернет

52

Телеком за Македонија од неодамна започна кампања која е наменета против говорот на омраза на интернет. Во соработка со УНИЦЕФ тие најавија активности кои ќе траат две години и ќе им помогнат на младите полесно да го препознаат интернет насилството, но и како да се справат со него.

Во оваа акција со мотото „За интернет без омраза“, поддршка дадоа и неколку македонски јавни личности кои преку интересни видеа на социјалните медиуми покажуваат каде треба да биде местото на лошите коментари.

Јавните личности важат за едни од најкритикуваните, без разлика дали добиваат лоши или добри коментари, па затоа тие одлучија лошите коментари кои навистина постојат под некоја нивна објава да ги стават на тоалетна хартија и на интересен начин да покажат каде им е местото на таквите коментари, но и да претстават како навистина треба сите да се справуваат со истите.

Во рамките на оваа провокативна кампања „Омразата – директно во корпа“, најгрдите, најбезобразните и најтоксичните коментари што ги добиле на своите профили, се испечатени на – тоалетна хартија. Со овој симболичен потег, тие буквално ја праќаат омразата таму каде што ѝ е местото – во корпа за отпадоци.

Македонски Телеком започнува нова иницијатива за дигитален оптимизам, овојпат насочена кон борбата против говорот на омраза на интернет. Под мотото „Омразата – директно во корпа!“, група инфлуенсери преземаат креативна акција за да ја подигнат свеста за онлајн вознемирувањето.

Последните денови, инфлуенсерите активно споделуваат видеа на социјалните мрежи, покажувајќи како реагираат на говорот на омраза – со отфрлање, а не со одговор. Пораката е јасна и ефективна: омразата не заслужува простор во онлајн светот, туку место во отпадот.

(С.Би.)

ИЗДВОЕНИ