Александар Мајснер (61), кој се бараше во Германија поради сомнение дека е поврзан со тројното убиство што се случи во неделата во Вестервалд, многу веројатно и побегнал на полицијата и тоа „пред нос“.
Александар е главен осомничен за убиството на тричленото семејство – татко (47), мајка (44) и нивниот син (16) во семејната куќа во неделата наутро.
Повикот во полиција дошол од куќата во сред ноќ, а се слушнал само крик!
Полицијата се упатила кон домот, но кога стигнала некој истрчал надвор и избегал. Се верува дека тоа е убиецот. Кога полицијата влегла во куќата ги пронашла безживотните тела на брачна двојка и нивниот малолетен син.
“Околу 3:45 примивме итен повик дека очигледно се случило насилно злосторство на имот овде во Вастервалд. Нашите полицајци потоа пронајдоа три безживотни тела на лице место. Кога се приближивме до имотот, едно лице се оддалечи. Тоа е лицето по кое моментално трагаме”, изјави портпаролот на полицијата Јирген Фашингер.
Засега не се знае како Александар е поврзан со жртвите и дали ги познавал од порано.
Се претпоставува дека убиецот избегал од куќата преку прозорецот. Според медиумите, на симовите биле пронајдени траги од крв! Полицијата пред куќата пронашла мотор и шлем.
„Според досегашната истрага, убиецот употребил и огнено оружје и навалица за да ги изврши убиствата. Наредени се обдукција на жртвите, но тие се уште не се завршени“, соопшти полицијата во понеделник попладне.
Според извештаите, осомничениот Александар има 61 година, висок 174 сантиметри, тежок 74 килограми, кафена коса и сиво-сини очи.
Според полицијата, Александар има лузни на десната надлактица, над едната веѓа и на левата подлактица. Исто така, на задниот дел од левата рака има тетоважа со кириличен натпис „Катја“ (на руски).