Од денеска, на припомош на армискиот и на полицискиот хеликоптер во гасење на пожарот се ставени и ер тракторите на ДЗС. Владата даде согласност да се ангажираат пензионираните пилоти, што беше услов АЦВП да ја тргне забраната за нивно летање.

Тие веднаш полетаа кон планината Серта (Конечка Планина), каде што армискиот хеликоптер го гасеше пожарот со вода, која ја полнеше од акумулацијата кај Ново Село, во близина на бугарската граница.

Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10-мина струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја, додека полицискиот хеликоптер дејствуваше од воздух.

Неготинскиот Штаб за заштита и спасување и денеска апелираше и понатаму да нема движење во делот зафатен од големиот пожар на планината Серта.

Големиот пожар на планината Серта избувна во средата околу 10:30 часот.

(С.Бл.)