Кон акцијата на Министерството за животна средина и просторно планирање што се спроведува во соработка со ЗЕЛС и општините за координирани активности за бесплатно собирање кабаст отпад и градежен шут, се приклучи и општина Струмица.

Оттаму информираа дека во периодот од 15 до 20, во наредните три месеца (февруари, март и април) жителите на општина Струмица својот кабест отпад и градежен шут можат да го пријавуваат на телефонскиот број 13-110, во ЈПКД Комуналец Струмица, за истиот да биде отстранет.

ИЗДВОЕНИ