И натаму расте бројот на заболени од грип

Неделен извештај на ИЈЗ

98

Расте бројот на заболени од сезонски грип, последната недела, според извештајот од Институтот за јавно здравје, се пријавени 3 035 случаи или 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Пријавен бил еден смртен случај од компликации од грип.

– Се работи за лице на возраст од 78 години од Скопје, кое било хоспитализирано. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена Influenza А(H3), појаснуваат од ИЈЗ.

Од новозаболените, најмногу се на возраст од 15 до 64 години, потоа следат деца од 5 до 14 години. Грипот најмногу владее во Скопје, па во Куманово и Битола.

Според податоците оваа сезона пикот на грипот се случува порано во споредба со минатата. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле три починати лица асоцирани со грип. Од ИЈЗ нагласуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со осма недела, во Македонија вакцинирани се вкупно 72.293 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

ИЗДВОЕНИ