И инспекторите на Центар ќе ги контролираат зградите

597

Инспекциската служба на Општина Центар ќе изврши проверки и контрола на објектите за домување со цел да се утврди состојбата на противпожарната заштита.

-Договорен е состанок на инспекциските служби на општината со управителите на станбените згради на кој тие треба да бидат задолжени да достават информации за тоа како ги спроведуваат своите обврски на овој план. Воедно и општинските инспекциски служби ќе излезат на терен со цел да извршат детална проверка на состојбата на хидрантската мрежа и противпожарните апарати во објектите за домување – информираат од Општина Центар.

Оттаму додаваат дека дополнително, ќе се одржи состанок со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), која е надлежна за надзор и обезбедување функционална хидрантска мрежа и идентификување на ризиците, како што се украдените или оштетени хидранти.

-Должност и обврска на управителите е да се грижат за безбедноста на зградите, вклучувајќи ка и функционална противпожарна заштита, одржување на исправна електрична инсталација и обезбедување непречен пристап до становите – децидни се Општина Центар.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ