Откако официјално стапи на сила примирјето меѓу Израел и Хезболах, дека се подготвени за примирје најавија и претставниците на палестинската организација Хамас.

Во изјавата на висок функционер на Хамас, се наведува дека Хамас е подготвен да постигне прекин на огнот во Газа и го поздравува примирјето што беше постигнато меѓу Израел и Хезболах, пренесува Кликс.

„Ги информиравме посредниците во Египет, Катар и Турција дека Хамас е подготвен за договор за прекин на огнот и сериозен договор за размена на затвореници“, рече функционерот.

Прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел стапи на сила во 4 часот наутро по локално време, со што заврши 14-месечните борби.