Со изборот на новиот претседател на ФФМ, дојде до целосна реконструкција во стручниот штаб на Федерацијата, па така Марјан Стојкоски е нов потпретседател, а Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар.
Веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.
На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.
На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.
Еден од великаните на македонскиот фудбал, Илија Најдоски заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Агим Ибраими се назначени за советници во кабинетот на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.