И годинава субвенции за велосипеди

60

Традиционално и оваа година Општина Струмица распиша јавен повик за
субвенционирање на велосипеди.

Средствата што Општина Струмица ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), но не повеќе од 10.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе биде отворен до исцрпувањето на буџетот, но не подоцна од 30
дена од објавување на јавниот повик.

– Вие купете велосипед, а ние ќе го исполниме нашето ветување за завршување на велосипедската инфраструктура во должина од 11 километри во рамките на проектот Струмица – паметeн вело град – истакна градоначалникот Костадин Костадинов.